Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
06.12.2017

„Енфилд роуд“ исплашен од Русите, Наполи со цело срце против Сити

Околу 22.35 часот ќе се дознаат сите учесници во осминафиналето на Лигата на шампионите и патниците во Лигата на Европа.

На програмата се натпреварите од последното коло на групната фаза на Лигата на шампионите во групите Е, Ф, Г и Х, а неколку од нив ветуваат возбудлива вечер.
Во центарот на вниманието ќе бидат дуелите во групата Е, каде што ниту еден тим официјално се нема изборено за нокаут-фазата, а во најдобра позиција е Севилја, која гостува кај отпишаниот Марибор.
Андалузијците имаа сè во свои раце иако се на втората позиција, додека жешко ќе биде на „Енфилд роуд“, каде што Ливерпул го дочекува Спартак. Екипата од Москва со победа на „Енфилд роуд“ би можела да ги испрати „црвените“ во натпреварувањето од понизок ранг.
Шампионот на Русија од групата Е со победа оди во нокаут-фазата бидејќи би имал подобар меѓусебен скор во однос на екипата на Јирген Клоп, така што нема да му биде потребно да ги слуша вестите од Марибор, каде што ќе гостува Севилја.
Севилја е пред императивен триумф против отпишаните Словенци, коишто секако дека нема однапред да се предадат иако завршуваат како четврти, а тоа го покажаа и во минатото коло, кога успешно му се спротивставија на Спартак во Москва.
Ситуацијата е многу јасна во групата Ф, Сити го осигури првото место, па ослободено влегува во натпреварот со второпласираниот Шахтар. На Украинците им е потребен бод во Англија за да им се придружат на „граѓаните“ во осминафиналето. Сити го обезбеди првото место, но веројатно нема да сака да ја прекине серијата од 20 победи.
За Сити со цело срце ќе навива Неапол, бидејќи на Наполи освен победа над Феенорд во Ротердам, ќе му биде потребно да слави и англискиот тим.
Иста улога како Сити има и Бешикташ во групата Г пред гостувањето во Лајпциг, бидејќи ја обезбеди нокаут-фазата, додека на домашниот тим му гори под нозете.
Порто и Лајпциг имаат еднаков број бодови, но резултатот е на страната на гигантот од „Драгао“ (3-1, 2-3) и со победа над Монако ќе се избори за пласман во осминафиналето.
Во групата Х се знаат двајцата патници за осминафиналето, но ќе се води борба за место во Лигата на Европа. Борусија од Дортмунд само поради гол-разликата е во подобра положба во однос на АПОЕЛ, а гостува кај шампионот на Европа, Реал во Мадрид. 
Ниту на Кипраните нема да им биде лесно бидејќи ќе играат со Тотенхем на лондонскиот „Вембли“.

Најнови вести