Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
30.11.2017

Алардајс ќе го преземе Евертон, ќе има поголема плата од Зидан

Англискиот фудбалски стручњак Сем Алардајс договорил соработка со Евертон, пренесува „Скај спорт“.

Искусниот стручњак го прекина одморот во Дубаи и вчера утрото стигна на Островот, ги реализира последните детали за соработката и официјално беше промовиран пред синоќешниот натпревар против Вест хем.
Англиските медиуми наведуваат дека потпишал 18-месечен договор вреден девет милиони фунти, па 63-годишниот тренер ќе биде поплатен од: Диего Симеоне од Атлетико Мадрид, Масимилијано Алегри од Јувентус, Унаи Емери од ПСЖ, дури и од тренерот на европскиот шампион Зинедин Зидан.
Евертон е без тренер од 23-ти октомври, кога беше поразен од Арсенал и кога поради низата слаби резултати беше отпуштен Роналд Куман. Екипата привремено ја водеше Дејвид Ансворт.
Алардајс е без ангажман од крајот на мај, кога поднесе оставка во Кристал палас, и покрај тоа што му обезбеди опстанок на клубот.
Евертон оваа сезона игра под очекувањата, се наоѓа на 13-тото место со пет бода над зоната на испаѓање.

Најнови вести