Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
27.11.2017

Икарди: Ако ме побара Реал, нема да одговорам

Мауро Икарди, најдобриот фудбалер на Интер, изјави дека нема намера да направи трансфер во редовите на европскиот шампион Реал Мадрид.

Голгетерот на „нераѕурите“ на сликовит начин објасни како би реагирал кога би добил повик од некој од челниците на кралскиот клуб.
„Доколку би добил повик од некого од Реал, не би се јавил. Немам што да додадам, сите ги знаат моите желби“, изјави Икарди за „Скај спорт“ по победата на Интер над Калјари со 3-1, со двата гола на Аргентинецот.
Одличниот 24-годишен капитен на „нераѕурите“ има договор до 2021 година со откупна клаузула од 110 милиони евра, но во Интер од страв од можно заминување имаат намера да му понудат нов и да му ја зголемат клаузулата.
Икарди еден дел од развивањето како фудбалер го помина во шпанската Гран Канарија, беше член и на прочуената школа на Барселона „Ла Масија“, потоа играше за Сампдорија, од која направи трансфер во Интер и за четири години даде 93 гола.

Најнови вести