Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
23.11.2017

Интер стравува за Икарди, му подготвува нов договор

Италијанскиот фудбалски клуб Интер има намера да го обнови договорот со капитенот Мауро Икарди по големата заинтересираност, пред сè од страна на Реал Мадрид, пишува „Калчомеркато“.

На аргентинскиот голгетер соработката со „нераѕурите“ му истекува на 30-ти јули 2021 година, но сегашната клаузула од 110 милиони евра, според челниците на миланскиот клуб, е мала во однос на неговата одлична игра во оваа сезона.
Челниците посебно се загрижени бидејќи летоска се остварени големи трансфери, како тие на Нејмар за 222 милиони евра и на Килијан Мбапе за 180 милиони во ПСЖ, како и тој на Усман Дембеле за 105 милиони во Барселона.
Икарди во минатата и во 2015 година го обновуваше договорот со Интер, а моментно е најплатен во тимот со 4,5 милиони евра, и тоа без големите бонуси што му следуваат за добриот учинок на теренот.
Икарди неодамна изјави дека е среќен во Интер, но шпекулациите за заинтересираноста на Реал го натераа раководството на трикратниот шампион на Европа да преземе мерки за да го задржи.
Мауро Икарди и оваа сезона е многу продуктивен, постигна 13 погодоци во Серија А и е втор стрелец на првенството, зад Чиро Имобиле, напаѓачот на Лацио.

Најнови вести