Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2017

Никој како Питер Крауч

Питер Крауч, фудбалерот на Стоук, во синоќешниот дуел со Брајтон го имаше неговиот 143-ти настап во Премиер лигата како замена и со тоа стана рекордер.

Крауч во игра влезе во 73-тата минута од натпреварот, кој заврши со резултат 2-2, и со тоа го престигна рекордот на некогашниот напаѓач на Њукасл, Шола Амеоби.
Англискиот фудбалер исклучително е забележан во улогата како замена, бидејќи постигнува гол на секои 162 минути во однос на 271 кога е стартер. Триесет и шестгодишниот напаѓач во последните четири сезони, осум од неговите 18 голови ги постигна кога во игра влегуваше од клупата.
Во досегашниот дел на сезоната, Крауч сè уште не бил стартер, имаше девет настапи и постигна три гола за 170 минути игра. Тоа е подобро од неговата низа, бидејќи за толкав број погодоци претходно му беа потребни 16 натпревари во сезоната 2014/15.
Кога ќе се погледне вкупниот број настапи на Крауч во Премиер лигата, речиси една третина ги забележал како замена. Тоа е околу девет отсто од времето кое го поминал на теренот во текот на кариерата, а 14 проценти од головите ги постигнал влегувајќи на теренот од клупата – 15 од 107.
Крауч е блиску и до тоа да го престигне Оле Гунар Солскјер по бројот на голови што се однесува до влегувањето во игра од клупата. Некогашниот напаѓач на Манчестер јунајтед постигна 17 погодоци како замена, вклучувајќи четири во незаборавната победа над Нотингам форест во февруари 1999 година. Еднаков број голови има и Кану, а рекордер по тоа прашање е уште еден активен фудбалер, Џермејн Дефо, кој влегувајќи од клупата успеа 23 пати да ја затресе мрежата на противникот.

Најнови вести