Корисничко име Лозинка Пријави се
16.11.2017

Италија го отпушти селекторот

Фудбалскиот сојуз на Италија го отпушти селекторот Џампаоло Вентура бидејќи не успеа да ја одведе репрезентацијата на Светското првенство во Русија 2018 година.

Италија натпреварувањето го заврши како второпласирана во нејзината квалификациска група и играше двомеч во баражот против Шведска, кој го изгуби со вкупен резултат 1-0.
Вентура 17 месеци ја вршеше работата селектор на Италија, тогаш потпиша двегодишен договор со Сојузот, а на клупата го замени Антонио Конте.
Во текот на квалификациите, Италија не успеа да ја победи Шпанија во два натпревари, а одигра и нерешено против Македонија. Вентура изјави дека неговиот скор на клупата на Италија е еден од најдобрите во последните 40 години.
„Изгубив само два натпревари за две години“, изјави 69-годишниот тренер за италијанските медиуми.
Италија за прв пат по 1958 година нема да учествува на Светското првенство.
„Можам да им се извинам на Италијанците, не за волјата и трудот што го вложивме, туку поради резултатите, кои се најважни“, додаде поранешниот тренер на Наполи и на Сампдорија.
Медиумите шпекулираат дека Фудбалскиот сојуз на Италија контактирал со Карло Анчелоти по повод работата на селекторот.

Најнови вести