Корисничко име Лозинка Пријави се
16.11.2017

Јирген Клоп завршил во болница

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, го пропуштил вчерашниот тренинг на „црвените“ бидејќи бил примен во болница поради тоа што не се чувствувал добро.

Како што пренесоа британските медиуми, Клоп превентивно го прегледале лекарите и се очекува дека набрзо ќе биде пуштен дома.
„Клоп го прегледаа лекарите, не е планирано да остане во болница, но можеби во наредните денови ќе му бидат направени дополнителни прегледи. Клубот бара да се почитува приватноста на Јирген Клоп, на неговото семејство, како и на останатите пациенти за време на болничките посети“, се наведува во соопштението на Ливерпул.
Фудбалерите вчера тренирале во полн состав бидејќи се вратија од нивните репрезентации.
Ливерпул во сабота, на „Енфилд роуд“ ќе игра против Саутхемптон.

Најнови вести