Корисничко име Лозинка Пријави се
15.11.2017

Гриезман од 2018 година во Барселона за сто милиони евра

Барселона и Атлетико Мадрид направија начелен договор за трансфер на напаѓачот Антонио Гриезман за сто милиони евра на „Камп ноу“ следното лето.

Каталонскиот весник „Мундо депортиво“ пишува дека челниците на двата клуба ги поставиле темелите на договорот и дека по завршувањето на сезоната, францускиот голгетер ќе го облече дресот на Барселона.
Изворот отиде и чекор понатаму наведувајќи дека Гриезман го чека петгодишен договор и дека го мотивира тоа што ќе игра во нападот со Лионел Меси и Луис Суарес.
Гриезман летоска го продолжи договорот со Атлетико до 2022 година, со зголемување на клаузулата од сто на двесте милиони евра, но само за минатиот преоден рок, бидејќи од јули 2018 година повторно ќе изнесува сто милиони.
Против трансферот нема ништо против ниту Атлетико бидејќи 26-годишниот фудбалер оваа сезона не игра на ниво како во претходните, постигна само три гола, но и покрај тоа, него го сакаат Барселона и Манчестер јунајтед.

Најнови вести