Корисничко име Лозинка Пријави се
15.11.2017

Едгардо Бауза отпуштен по трет пат во осум месеци

Клупата на репрезентацијата на Саудиска Арабија ќе претрпи втора промена по пласманот на Мундијалот наредната година бидејќи е отпуштен и Аргентинецот Едгардо Бауза.

Бауза е разрешен од должноста селектор поради поразите од Португалија (3-0) и од Бугарија (1-0) во пријателските натпревари во рок од три дена.
Интересно е тоа што Бауза по трет пат напушта репрезентација само во оваа година, прво во април по осум месеци беше отпуштен од Аргентина, веќе во мај ги презеде Обединетите Арапски Емирати и ги водеше сè до септември, кога беше именуван за селектор на Саудиска Арабија.
Како причина за отказот во Арабија се споменува тоа дека челниците на тамошниот Сојуз не биле задоволни од играта.
Сега ќе мора да бараат трет селектор, по Бауза и претходно Берт ван Марвек, кому не му беа исполнети желбите да му се подобри договорот.

Најнови вести