Корисничко име Лозинка Пријави се
14.11.2017

Манчестер јунајтед ќе руши рекорд: Асенсио двојно поскап од Кристијано Роналдо

Манчестер јунајтед би можело да го собори сопствениот рекорд во висината на трансферите, и тоа двојно! „Црвените ѓаволи“, наводно, сакаат да го доведат Марко Асенсио, играчот за врска на Реал.

Асенсио е 21-годишен фудбалер кој одлично одигра и за Шпанија на Европското првенство за млади, од каде што сè уште се памети неговиот хет-трик против Македонија.
Колку звучи реално бројката од 177 милиони фунти (200 милиони евра) за младиот Шпанец? Ако може да му се верува на „Дон Балон“, толку пари за Асенсио имаат намера да потрошат на „Олд Трафорд“.
Со тоа би бил соборен клупскиот рекорд од „ситни“ сто милиони евра, колку што го платија „црвените ѓаволи“ Пол Погба минатата година. Освен тоа, се наведува дека платата на Асенсио би можела да биде околу половина милион евра седмично, односно дури 27 милиони евра годишно.
За Шпанецот се подготвува петгодишен договор, а се планира трансферот да се заврши наредното лето. Тој на осум натпревари за Реал даде четири гола и имаше две асистенции.
Бразилецот Нејмар летоска дефинитивно постави некои нови стандарди во поглед на великодушноста на клубовите за различни талентирани играчи ширум Европа. По 222-та милиони за Нејмар, изгледа дека 200 веќе не делува толку страшно.
Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на светот изминативе години, Реал Мадрид пред осум години го плати 95 милиони евра.

Најнови вести