Корисничко име Лозинка Пријави се
14.11.2017

Барцаљи: Италија ќе се врати

Андреа Барцаљи, дефанзивниот играч на „аѕурите“, ѝ се изини на Италија поради неуспехот во квалификациите за Светското првенство во Русија, откако избраниците на Џампјеро Вентура ремизираа без голови против репрезентацијата на Шведска на стадионот „Џузепе Меаца“.

Светските медиуми пишуваа за повлекувањето на Џанлуиџи Буфон од националниот тим, но тој не  единствениот. Ни Даниеле де Роси, ни Џорџо Кјелини, ни Андреа Барцаљи нема веќе да настапуваат за италијанската репрезентација.
„Ова е најлошиот можен начин за заминување. Ова е големо разочарување за мене, за фудбалската организација, за сите навивачи. Репрезентацијата ги обединува сите, клупските бои престануваат да бидат важни. И не е работата само во тоа што не успеавме да се пласираме на Мундијалот, туку и во начинот на којшто игравме и со тоа ги разочаравме сите коишто нè следеа. Тешко е да се зборува сега, но штом не сме се пласирале, значи дека нешто погрешно сме работеле“, изјави разочарано Барцалљи за италијанските медиуми.
„Аѕурите“ очекуваат сериозни структурни промени, за коишто многумина ќе речат дека задоцниле. Италија нема играно во осминафиналето на Светското првенство од 2006 година, кога стана шампион на светот.
„Доаѓаат млади играчи. Доволно имаме квалитетни, но и доволни искусни млади играчи. Националниот тим сега мора да се рестартира и да се обиде одново да изгради авторитет и резултати. Целосно е неважно дали тимот ќе биде составен од сегашните играчи или одреден број ќе бидат повикани нови. Селекторот ќе има голема одговорност бидејќи Италија ќе се врати“, изјави Барцаљи.
Џампјеро Вентура, селекторот на италијанскиот национален тим, кого многумина го сметаат за најголем виновник за неуспехот на „аѕурите“, сè уште нема поднесено оставка.

Најнови вести