Корисничко име Лозинка Пријави се
14.11.2017

Батистута: „Вонземјанинот“ Меси ми го урна рекордот

Легендарниот аргентински фудбалер Габриел Батистута изјави дека признава дека малку го изнервирало тоа што Лионел Меси го соборил неговиот рекорд според бројот на голови за националниот тим, но дека нашол утеха во тоа што е на второто место.

На Копа Америка Сентенарио минатата година Лионел Меси стана најдобар стрелец на аргентинскиот национален тим – постигна 61 гол на 110 натпревари и има седум повеќе од Батистута. Батигол на 77 натпревари даде 54 гола играјќи за Аргентина меѓу 1991 и 2001 година.
„Искрено, ме изнервира тоа што Меси го собори мојот рекорд. Многу ми сметаше бидејќи го држев тој рекорд и тоа не беше што било. Одиш секаде низ светот и кажуваш дека си најдобар стрелец на Аргентина. Ми беше супер“, изјави Батистута, кој сепак нашол утеха.
„Предност е тоа што сум втор зад вонземјанинот. Меси ќе даде двојно повеќе голови од мене“, додаде Батистута.
Меси минатата година беше револтиран од настапот на Копа Америка Сентенарио, каде што не успеа да го освои златото со „гаучосите“, па тогаш изјави дека ќе се повлече од националниот тим.
Аргентинецот сепак ја повлече таа одлука, па во иднина навистина ќе има шанса да го исполни предвидувањето на Батистута во врска со бројот на постигнати голови.

Најнови вести