Корисничко име Лозинка Пријави се
09.11.2017

Левандовски го критикува Баерн: Екипата е сè постара

Роберт Левандовски, голгетерот на Баерн, продолжи со критиките на сметка на клубот од Минхен, а сега забележува дека екипата станува сè постара.

Левандовски претходно се бунеше бидејќи смета дека баварскиот гигант не доведува врвни фудбалери, туку само оние кои би можеле да станат тоа, а имаше забелешки и за работата на поранешниот тренер Карло Анчелоти.
„Не смееме да се залажуваме. Секој клуб на две-три години мора да доведе врвен фудбалер, да го освежи составот со нов квалитет. Имаме добар тим, но станува сè постар“, изјави Левандовски, а пренесува „Билд“.
Како вистински пример, тој го наведе 22-годишниот Џошуа Кимих како идеален наследник на Филип Лам.
„Моментно имаме неколкумина млади, Кимих е еден од нив и покажа дека може да биде вистинска замена за искусниот и одличен Лам“, изјави Левандовски.
Полјакот индиректно ги посочи 33-годишниот искусен крилен напаѓач Арјен Робен и една година постариот Франк Рибери, коишто не се на ниво како во претходните години, пред сè поради големиот број повреди.

Најнови вести