Корисничко име Лозинка Пријави се
06.11.2017

Деле Али ги пропушта Германија и Бразил

Деле Али, фудбалерот на Тотенхем, ќе ги пропушти претстојните пријателски натпревари против Германија и против Бразил поради повреда на тетивата, соопшти Фудбалскиот сојуз на Англија.

Али се повреди на натпреварот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Маурисио Покетино, тренерот на Тотенхем, претходно изјави дека повредата не е сериозна, но Али не е во тимот за денешниот натпревар против Кристал палас во Премиер лигата.
Англија во петок, на десетти ноември, на „Вембли“ ќе ја дочека Германија, а на истото место четири дена подоцна ќе го нагости Бразил.
Деле Али од почетокот на сезоната постигна седум погодоци на 16 натпревари за Тотенхем, од кои четири во последните четири средби. Тој за репрезентацијата на Англија дебитираше во 2015 година и оттогаш за националниот тим настапи 22 пати.

Најнови вести