Корисничко име Лозинка Пријави се
02.11.2017

Лоши вести за Сари, Гулам ги скина лигаментите

Фавзи Гулам, фудбалерот на Наполи, ќе отсуствува неколку месеци од теренот бидејќи ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено, соопшти италијанската екипа.

Гулам повредата ја доживеа на средината на натпреварот од Лигата на шампионите против Манчестер сити, кој неговата екипа го изгуби со 2-4.
Наполи во соопштението наведе дека утре на Гулам ќе му биде извршена операција на коленото и дека дури потоа ќе се знае колку долго ќе отсуствува од теренот.
Повредата на овој 26-годишен лев бек е голем удар за Наполи, кој оваа година се бори за титулата во Серија А.
На натпреварот против Сити, 35-годишниот Кристијан Маџо го замени Гулам и играше на десната страна, додека Елсеид Хисај беше прекомандуван на левата страна. Потенцијално, Марио Рио би можел да игра на позицијата лев бек, но на натпреварот против „граѓаните“ тој не беше ниту на клупата.
Наполи е лидер во Серија А со 31 освоен бод, два повеќе од второпласираниот Интер, а три повеќе од шампионот Јувентус, кој се наоѓа на третото место.

Најнови вести