Корисничко име Лозинка Пријави се
19.10.2017

Де Бројне за кавгата со Силва: Така правам и со жена ми

Кевин де Бројне, еден од најдобрите играчи на Манчестер сити, бесот кон четвртиот судија на натпреварот со Наполи го пренасочи кон соиграчот Давид Силва.

Фудбалерите на Манчестер сити водеа со 2-0 до полувремето со головите на Рахим Стерлинг и Габриел Жесус во деветтата и во 13-тата минута.
Тоа не го смири темпераментот на белгискиот играч, кој доби жолт картон пред крајот на првиот дел од играта, а потоа сакаше да се расправа со четвртиот судија на натпреварот.
Го спречил Давид Силва, капитенот на „граѓаните“, кој му рекол да се откаже од кавгата со судиите и да тргне кон соблекувалната. Де Бројне на неговиот соиграч неколку пати му повторил: „Пушти ме да зборувам“, но на крајот продолжил во соблекувалната.
Манчестер сити победи со 2-1, а Де Бројне по натпреварот изјави што се случило.
„Имавме само кратка расправија. Минута подоцна сè беше заборавено. Такви расправии понекогаш водам и со жена ми. И вие исто така, претпоставувам. Понекогаш тоа е неопходно. Не е секогаш сè идеално, но ова навистина беше ситница. Сакав да прашам нешто, но не ми беше дозволено. Но, како што реков, не е тоа ништо страшно од тоа да се прави нешто големо. Се случува понекогаш“, изјави Де Бројне.

 

Најнови вести