Корисничко име Лозинка Пријави се
16.10.2017

Мурињо за ПСЖ: Имаат магија, квалитет и младост

Жозе Мурињо е познат по тоа што не се задржува во клубовите многу сезони, по две-три години ја напушта клупата на клубот.

Португалецот влезе во втората сезона со Манчестер јунајтед, а како што изјави за француската телевизија „Телефут“, кариерата сигурно нема да ја заврши во Манчестер.
„Сигурен сум дека нема да ја завршам кариерата во Манчестер јунајтед“, изјави Мурињо, а потоа најави дека во иднина би сакал да го преземе ПСЖ.
„Мојот син кој живее во Лондон отишол во Париз да го гледа ПСЖ, а не Манчестер. Зошто Париз? Затоа што имаат нешто посебно. Имаат магија, квалитет и младост, фантастични се“, изјави менаџерот на Јунајтед.
Двете екипи во среда ги очекуваат натпреварите од Лигата на шампионите. ПСЖ ќе гостува кај Андерлехт во Белгија, додека Јунајтед ќе игра во Португалија против Бенфика.

Најнови вести