Корисничко име Лозинка Пријави се
16.10.2017

Атлетико ѝ направи нешто на Барса што никој не ѝ го направил од 2005/06

Атлетико Мадрид и Барселона ремизираа 1-1 во дербито на осмото коло во Ла Лига, но начинот на којшто Атлетико ѝ даде гол на Барселона многу повеќе личи на нивниот ривал.

Саул Њигес во 21-вата минута на „Ванда Метрополитано“ ги воодушеви домашните навивачи, Атлетико Мадрид поведе со 1-0, а на голот на Њигес му претходеа дури 18 додавања!
Барселона од сезоната 2005/06 не примила гол, а притоа противникот да врзал толку пасови.
Брзи и кратки додавања, топката ја остава Гриезман, кој беше константна опасност за голот на Тер Штеген, и Саул кој ја повлекува топката надесно.
Жерар Пике излезе пред него, малку доцнеше да го затвори ударот и само момент подоцна и тој и Тер Штеген можеа само да гледаат како топката го погодува ќошот на голот на Барселона.
Дел од историјата на „Ванда Метрополитано“ доби и Луис Суарес, кој во 82-рата минута конечно го скрши мразот и ја погоди мрежата на Јан Облак.
Атлетико до тој момент играше цврсто, Фелипе Луис не се откажа пред грубоста над Лионел Меси и неговите соиграчи, а Суарес по центаршутот на Серхио Роберто, стана прв фудбалер на Барселона кој даде гол на новиот стадион на Атлетико.
Лионел Меси беше иницијатор на сите акции на неговата екипа, но момчето кое му има дадено најмногу голови на Атлетико од сите играчи на Барса не успеа да се запише во листата на стрелците до крајот, а Барселона не успеа да победи.

Најнови вести