Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2017

Вардар шампионски против Барселона, втора победа на Металург

Вардар останува лидер во групата А во ракометната Лига на шампиони откако ја победи Барселона со 27-24 (16-12). Европскиот шапион има 9 бода, еден повеќе од Рајн Некар и два повеќе од ПИК Сегед и Барселона. Металург ја оствари втората победа во групната фаза против Чеховски медведи со 26-32 (15-15).

Вардар со стил ѝ се реванширавме на Барселона за поразот во Доха на полуфиналето од Супер Глоуб турнирот.
Вардар одигра одлично прво полувреме против Барселона, одбраната беше компактна, се играше на секоја претпазливо на секоја топка, а нападот беше прецизен. 
Штербик имаше 10 одбрани, а изненадувањето на Гонзалез беше Хорхе Македа кој играше и во одбрана и во напад и постигна три гола.
Барселона на самиот почеток имаше водство од 1-3, но вардарци брзо го израмнија разултатот. Со серија од 5-0 Вардар побегна на 11-6. 
На пет минути до крајот на полувремето Македа со својот трет гол зголеми на 15-9 и првпат македонскиот и европскиот шампион дојде до плус 6. 
Вардар продолжи во второто полувреме во ист ритам. Ни поврдата на повредата на Рожерио Мораеш кој доби удар во лицето и заврши во болница. Барселона на моменти играше агресивно и грубо, но без ефект.
Игор Карачиќ се врати прв пат пред публиката во СЦ „Јане Сандански" во Лигата на шампионите сезонава и во второто полувреме постигна еден гол.
Неколкупати „црвено-црните“ имаа предност од шест голови во второто полувреме, а кога Хорхе Македа во 54 минута погоди за 25-19 стана јасно кој ќе ги освои бодовите. Последните четири минути вардарци добија и три исклучувања.
Арпад Штербик мечот го заврши со 15 одбрани, а Борозан постигна 6 гола. Хорхе Македа даде 5, а Лука Циндриќ и Тимур Дибиров по четири голови.
И Металург имаше успешен настап во Лигата на шампионите и во петтото коло ја забележаа втората победа, прва на гостински терен откако избраниците на Александар Јовиќ со одлична игра стигнаа до 26-32 на гостувањето во Русија против Чеховски медведи. 
Голманот Мартин Томовски беше човек на одлука со одбранет пенал и уште неколку успешни интервенции во рок од десетина минути во кои домаќините не постигнаа гол, а „металурзите“ си создадоа предност што потоа ја одржаа до самиот крај.

Најнови вести