Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2017

Чоло: Меси докажа дека е најдобар на светот

Диего Симеоне изјави дека Лионел Меси докажал дека е најдобар на светот кога го постигнал хет-трикот за Аргентина на натпреварот против Еквадор во квалификациите за Светското првенство.

„Меси е она што сите Аргентинци го сакаат и го бараат. Го гледав целиот натпревар и тој им одговори на сите оние коишто не веруваа во него, докажа дека е најдобар на светот“, изјави аргентинскиот тренер на конференцијата за новинарите по натпреварот.
Фудбалерите на Атлетико утре ќе ја дочекаат Барселона во осмото коло на Примера лигата. Атлетико нема ниту една победа против Барселона во Примера лигата откако Диего Симеоне седна на клупата на тој клуб во декември 2011 година.
Симеоне изјави дека има свое мислење за политичките работи, но дека тој сепак е само тренер.
„Политичкиот аспект на оваа игра? Да дискутирам за прашањата коишто се повеќе политички од спортски, имам свое мислење, но ќе го задржам за себе. Повторувам, јас сум само тренер“, изјави тренерот на мадридскиот клуб.
Натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Барселона се игра утре, од 20.45 часот. Барселона моментно е прва на табелата на Пример лигата со шест бодови повеќе од Атлетико Мадрид, кој е на шестото место.

Најнови вести