Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2017

Мурињо: Ќе играме со еден дефанзивенц и деветмина напаѓачи!

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека е подготвен за дерби-натпреварот од осмото коло на Премиер лигата со Ливерпул на „Енфилд роуд“.

Изминатите денови во англиските медиуми се водеше полемика како ќе се снајде екипата на Јирген Клоп со познатиот „автобус“ на Мурињо, а Португалецот се пошегува на констатацијата на новинарите дека би требало да се одлучи за напаѓачка формација.
„Ние против Ливерпул ќе играме со еден дефанзивен играч и деветмина напаѓачи, не се грижете за тоа. Сериозен сум. Еден играч ќе ни биде во одбраната. Преминуваме на нов систем, ова ќе биде еволуција на двократни вештини. Ние ќе играме со деветмина фудбалери напред, не грижете се“, изјави Мурињо.
Дуелот меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед на програмата е денес, од 13.30 часот.

Најнови вести