Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2017

Арена: Си одам, фудбалот во Америка има одлична иднина

Брус Арена, селекторот на фудбалската репрезентација на САД, си поднесе оставка по неуспехот во квалификациите за Светското првенство 2018 година во Русија.

Репрезентацијата на САД за прв пат по 1986 година не успеа да се пласира на светскиот шампионат, откако во квалификациите на КОНКАКАФ зоната го зазеде петтото место.
„Нема изговор, не ја завршивме работата и ја прифаќам одговорноста“, изјави Арена.
Во последното коло од квалификациите на селекцијата на САД ѝ беа потребни победа или реми во дуелот со Тринидад и Тобаго, но наместо тоа беше поразена со 2-1.
Арена, кој на клупата на САД седна на местото на Јирген Клинсман, изјави дека најголема привилегија за еден тренер е да ја предводи репрезентацијата на својата земја.
„Јас сум почестен и благодарен за тоа што имав можност да ја водам репрезентацијата два пати во својата кариера. Кога минатиот ноември ја презедов, знаев дека пред нас е голем предизвик, веројатно поголем отколку што мислеа повеќето луѓе. Сите коишто беа тука дадоа сè од себе, но не успеавме. Иако ова е тежок момент, јас сум уверен дека американскиот фудбал оди во вистинска насока. Верувам во американските играчи и во тренерите. Со заедничките напори ќе има одлична иднина“, изјави Арена.
Репрезентацијата на САД предводена од Арена ова лето победи на КОНКАКАФ Голд купот.

Најнови вести