Корисничко име Лозинка Пријави се
13.10.2017

Дембеле нема да се врати на теренот пред јануари

Осман Дембеле, напаѓачот на Барселона, на теренот ќе се врати дури по Нова година, изјави докторот кој му ја изврши операцијата и ја постави првата прогноза за неговото враќање.

На Дембеле му беше извршена операција на задниот дел на бутниот мускул во септември, по натпреварот со Хетафе, што му беше прв настап во стартната постава на Барселона.
Закрепнувањето се одвива добро, но мораме да бидеме многу внимателни и да ја следиме првобитната прогноза“, изјави Сакари Орава, кој му ја изврши операцијата на Дембеле.
Орава изјави дека смета дека на повредата веројатно имал влијание и притисокот кој го донел трансферот во Барселона вреден 105 милиони евра, кој со бонусите би можело да се зголеми до дополнителни 40 милиони.

Најнови вести