Корисничко име Лозинка Пријави се
12.10.2017

Меси: Би било лудо да не играме на Светското првенство

Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси изјави дека би била трагедија ако екипата не се пласираше на Светското првенство.

„Гаучосите“ до последното коло се плашеа за пласманот во Русија, но благодарение на Меси, кој постигна хет-трик во одлучувачкиот дуел со Еквадор, се пласираа од третото место на табелата.
„Би било лудо Аргентина да не игра на Светското првенство. Поради тоа дојдовме. Згора на тоа, почнавме со заостанување од еден гол, но, за среќа, брзо реагиравме и поведовме“, изјави Аргентинецот.
Меси додаде дека екипата на Аргентина ќе се менува, ќе расте и дека по ова ќе биде посилна. Аргентина на минатиот Мундијал во Бразил 2014 година изгуби во финалето од Германија со 0-1.
Меси сè уште нема освоено трофеј со државниот тим, наспроти успешната кариера во Барселона, со која ги освои сите трофеи.
Тој во текот на Светското првенство во Русија ќе наполни 31 година и можеби тоа натпреварување ќе му биде последна шанса.
„Меси не ѝ го должи Светското првенство на Аргентина, но нему фудбалот му го должи тој трофеј, За среќа, најдобриот фудбалер на светот по националност е Аргентинец“, изјави Хорхе Сампаоли, селекторот на Аргентина.
„Дури и по примениот гол, се виде дека овој тим знае како да игра фудбал. Ништо нема да ветувам“, додаде тој.

Најнови вести