Корисничко име Лозинка Пријави се
07.10.2017

Тешка повреда на Гаго

Поранешниот играч за врска на Реал, Валенсија, Рома и играч на Бока се повреди само по шест минути откако влезе како замена на натпреварот на Аргентина против Перу кој заврши без голови.

За работата да биде уште полоша за 31-годишниот Гаго, излезе дека повредата е една од најтешките којашто може да ја доживее професионален спортист. 
Во 66-тата минута од натпреварот се обиде да ја додаде топката, незгодно ја крена ногата, падна и во навистина бизарна ситуација се повреди. Додека лекарите на Аргентина се обидувале да му помогнат, тој викал „Пуштете ме да играм“.
Десното колено му беше бандажирано, повредата си го направила своето, а Гаго на теренот го замени Ензо Перез.
Репрезентацијата на Аргентина подоцна преку социјалните мрежи потврди дека Гаго ги скинал вкрстените лигаменти на коленото.

Најнови вести