Корисничко име Лозинка Пријави се
05.10.2017

Аргентина во проблеми, Сирија пред сензација

Аргентина, финалистот на претходниот Мундијал и двократен светски шампион, во овој стадиум од квалификациите е загрозена, поточно во јужноамериканскиот дел од квалификациите.

Од Јужна Америка се квалификуваа Бразилците, а останатите места се отворени за калкулации. Аргентина моментно е петта, четирите први екипи одат директно, а петтата оди во баражот. Дуелот со Нов Зеланд не би ги загрижил премногу Аргентинците, туку тоа дека би можело да им биде доведено во прашање и петтото место бидејќи Чиле заостанува зад Аргентина само на еден бод, а „гаучосите“ играат против четвртопласираниот Перу во следното коло, пред дуелот со Еквадор.
Бразилците имаат 37 бодови, Уругвај е втор со 27, потоа следуваат Колумбија и Перу со 26, односно 24 бода, колку што има и Аргентина со послаба гол-разлика од Перуанците. Чиле има 23, седми е Парагвај со 21, а осми Еквадор со 20, па теоретски десет екипи сè уште имаат шанси за пласман во Русија.
Отсуството на Аргентина од Мундијалот би било сензација бидејќи последен пат не играла на Светското првенство уште на почетокот на седумдесеттите години. Подоцна се појави Марадона, а сите занаат што се случи потоа и поради што на Меси во кариерата му се забележува единствено за учинокот со репрезентацијата.
Кога станува збор за азиските квалификации, се знае дека четири азиски селекции веќе се пласираа на завршниот турнир (Јапонија, Јужна Кореја, Иран и Саудиска Арабија), но нивниот резултат може да го засени екипата која нема речиси никакви финансии, чија земја е во војна веќе шест години и која нејзините домашни натпревари ги игра на повеќе од 10.000 километри од дома – Сирија.
Нерешениот натпревар со Иран (2-2) им донесе голема радост, а за да се пласираат на Светското првенство, Сиријците мораат да победат Австралија во баражот.
Победникот на тој двомеч ќе игра против екипа од КОНКАКАФ-зоната. Во неа Мексиканците веќе обезбедија пласман, а најблиска до директно пласирање по нив е Костарика. Панама е на третото место, а САД и Хондурас на четвртото, односно петтото кога ќе се прегледа пресекот на резултатите меѓу трите групи од КОНКАКАФ-зоната.
Американците во претпоследното коло (во сабота) ја дочекуваат Панама, Тринидад и Тобаго играат во среда, Костарика прво ќе игра против Хондурас, па против Панама, додека Мексико прво против Тринидад, па со Хондурас.
Од оваа зона три екипи одат директно плус уште една таа која ќе помине низ баражот.
Африка освен петте места на Мундијалот, нема дополнителни квалификации и бараж. Тој којшто ќе победи во секоја од петте квалификациски групи ќе се пласира понатаму.
Засега најмногу шанси за пласман имаат: Нигерија, Египет, Тунис, Буркина Фасо и Брегот на Слоновата Коска. Но во групите  може да има промени во врвот бидејќи Замбија заостанува зад Нигерија со три бода (10наспрема 7), Уганда заостанува зад Египет со два (9/7), ДР Конго зад Тунис со три (10/7), Мароко зад Брегот на Слоновата Коска со еден (7/6), а Зеленортските Острови зад Буркина Фасо не заостануваат ниту бод (6/6) туку имаат полоша гол-разлика.
Нов Зеланд со победата над Соломонските Острови во двомечот успеа да обезбеди интерконтинентални квалификации, но проблем може да биде вкрстувањето со Аргентина доколку екипата на Меси остане на петтото место. На Нов Зеланд секако нема да му биде лесно бидејќи во игра за тоа место се и екипи како таа на Чиле, освојувачот на Копа Америка.

Најнови вести