Корисничко име Лозинка Пријави се
30.9.2017

Агеро: Ме боли, но појасот го спречи најлошото

Серхио Кун Агуеро, напаѓачот на Манчестер сити, се огласи по сообраќајната несреќа во која беше повреден.

Агуеро на социјалните мрежи изјави дека стигнал во Манчестер и дека скршеното ребро го боли.
„Таксистот погрешно сврти и удри во бандера. Ударот беше многу силен, но појасите спречија да биде полошо. Благодарам за многуте пораки со поддршка коишто ми помагаат брзо да закрепнам. На вистинскиот пат сме. Сега да се подготвиме за во вторник“, изјави Агуеро синоќа.
Тој сообраќајната незгода ја доживеа во Амстердам, кога со такси се враќал на аеродромот меѓу четвртокот и петокот, а вчера утрото информацијата ја пренесоа неколку медиуми од Островот.
„Сакам да им се заблагодарам за одличната нега на докторите на Универзитетската болница во Амстердам. Мое признание за нејзините професионалци. Сега дома, во Манчестер според процените на докторите на Сити, имам скршено ребро“, изјави напаѓачот на Сити.
Агуеро ќе го пропушти викендот во Премиер лигата за време на којшто „граѓаните“ играат против Челзи, а потоа и двата одлучувачки натпревари за пласман на Аргентина на Светското првенство 2018 година во Русија.

Најнови вести