Корисничко име Лозинка Пријави се
27.9.2017

Зидан: Кога ќе видите како играат Бејл и Роналдо...

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, по победата на Дортмунд во Лигата на шампионите изјави дека е среќен кога ги гледа како играат Герет Бејл и Кристијано Роналдо.

Кралскиот клуб победи со 3-1 на „Вестфален“, прв пат во официјалните натпревари, а Велшанецот (1) и Португалецот (2) ги постигнаа сите три гола.
Зидан по натпреварот изјави дека тоа го радува и дека ова е важен триумф за неговиот тим.
„Одигравме одличен натпревар. Освоивме три бода и сега имаме шест. Го победивме тимот кој во брзо време никогаш не сме го добиле овде. Среќен сум поради Бејл и Роналдо. Кога ќе ги видите како играат, тоа ве прави среќни“, изјави Зидан.
Реал Мадрид се наоѓа во групата Х и покрај Дортмунд, таму се уште Тотенхем и АПОЕЛ.
„Ова беше совршен натпревар за нас, од почетокот до крајот. Првото полувреме беше клучно бидејќи одигравме спектакуларно. Имавме доста шанси и севкупно ова е одличен резултат за нас, со оглед на тоа каде игравме“, изјави тренерот на Реал Мадрид.
Клубот од Мадрид во третото коло од Лигата на шампионите на 17 октомври ќе игра против Тотенхем на „Сантијаго Бернабеу“, додека Борусија ќе гостува кај АПОЕЛ.

Најнови вести