22.9.2017 Душан Баста надвор од теренот месец и пол
Душан Баста, десниот бек на Лацио, се повреди на натпреварот со Наполи и ќе мора да паузира околу месец и пол.
Во тешкиот пораз од Наполи (4-1) лесна повреда доживеа и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој најверојатно ќе го пропушти натпреварот со Верона.
За сè да биде уште полошо за тренерот Симоне Инзаги, повреда доживеа и стоперот Стефан де Вреј.
Лацио добро почна во Серија А, во првите пет натпревари освои десет бода, па сенка на добриот почеток фрли овој пораз од Наполи.