Корисничко име Лозинка Пријави се
21.9.2017

Лига куп: Големите клубови сигурни против малите

Вчера беа одиграни пет дуели од третата рунда на Лига купот, а во сите пет средби победници беа фаворитите.

Убедлив беше Манчестер јунајтед, кој на „Олд Трафорд“ го совлада Бартон со 4-1.
Прв стрелец за домашната екипа беше Маркус Рашфорд, кој постигна два гола во првите 17 минути, Џеси Лингард во 36-тата го постигна третиот погодок за „црвените ѓаволи“, а Антони Мартијал го завери триумфот во 60-тата минута.
Единствениот гол за гостите го даде Лојд Дајер во последната минута.
Челзи го совлада Нотингам форест со 5-1, а Миши Батшуаји беше стрелец на три гола.
Кенеди и Мусонда одлично ја искористија ретката шанса за играње во првата постава и постигнаа голови.
На Арсенал еден гол му беше доволен за триумф над Донкастер. Одлучувачкиот погодок го постигна Тео Волкот во 25-тата минута.
Евертон беше сигурен против Сандерленд со 3-0, а Лерој Сане со двата погодока му донесе победа на Манчестер сити на натпреварот против Вест Бромич албион во гости (2-1).

Најнови вести