Корисничко име Лозинка Пријави се
09.9.2017

Азар се враќа против Лестер

Белгискиот играч Еден Азар би можело да се врати во екипата на Челзи за претстојниот натпревар против Лестер откако целосно закрепна од повредата.

Азар во јуни го скрши глуждот на десната нога на тренингот со репрезентацијата на Белгија.
Тој сè уште нема играно за Челзи оваа сезона, но два пати влегуваше од клупата на репрезентативните натпревари против Гибралтар и против Грција.
„Азар е во конкуренција за тимот. Работи многу добро за да биде подготвен. Сега можам да сметам на него. Морам да одлучам колку минути ќе игра, но можам да сметам на него“, изјави Антонио Конте, тренерот на Челзи за британските медиуми.
Натпреварот од четвртото коло на Премиер лигата меѓу Челзи и Лестер се игра утре, од 16 часот.
Челзи по три одиграни кола, се наоѓа на шестото место на табелата со шест бодови, додека Лестер е на 15-тата позиција со три бода.

 

Најнови вести