Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
02.9.2017

Приведен Вејн Руни

Вејн Руни, ново-стариот напаѓач на Евертон, е приведен поради возење во алкохолизирана состојба, пишува „Дејли мејл“.

Него во четвртокот вечерта, по ноќното излегување го сопрела полиција во близина на неговата вила во Чешајер и кога се посомневала дека е алкохолизиран, го привела напаѓачот.
Во близина на Престбери, Руни е сопственик на имотот веќе 12 години наназад, а тој се наоѓа недалеку од тренинг-центарот на Евертон.
Нему не му е прв пат да е пијан, а слична ситуација имаше и минатиот ноември, кога Англија играше со Шкотска во квалификациите за Светското првенство и победи со 3-0.
Вејн Руни е најдобриот стрелец во историјата на „гордиот Албион“ со 53 погодоци, а неодамна објави дека ќе се повлече од националниот дрес. По големите успеси со Манчестер јунајтед и години играње со Роналдо, Сколс, Гигс, Видиќ, Фердинанд и други асови, се врати во Евертон, во кого ги помина првите години од неговата фудбалска кариера.

Најнови вести