30.8.2017 Дринквотер побарал Лестер да го пушти во Челзи
Англискиот играч Дени Дринквотер побарал од Лестер да го пушти во Челзи, пренесоа денес британските медиуми.
Лестер ова лето два пати ги одбил понудите на Челзи за играчот кому договорот му истекува летото 2021 година.
Антонио Конте, тренерот на Челзи, него го гледа во пар на средината со Н’голо Канте, со кого беше соиграч кога Лестер ја освои Премиер лигата предминатата сезона.
Дринквотер поради повреда сè уште нема настапено за Лестер оваа сезона.
Челзи засега безуспешно се обидува да се засили во финишот на преодниот рок.
Евертон ја одбил понудата од 25 милиони фунти за Рос Баркли, што е двојно помалку од сумата што ја бара тој клуб. Исто така, Алекс Окслејд-Чемберлен, фудбалерот на Арсенал, не сака да направи трансфер во Челзи.