Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2017

Роналдо: Неправда до неправда...

Напаѓачот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо изјави дека одлуката да се одбие жалбата на „кралскиот клуб“ за неговата суспензија на пет натпревари во целост неразбирлива.

Шпанскиот административен спортски суд ја одби жалбата за суспензијата која на португалскиот фудбалер му беше изречена по исклучувањето во победата над Барселона од 3-1 на првиот натпревар од шпанскиот Суперкуп. Роналдо првиот жолт картон го доби затоа што го соблече дресот, а вториот поради симулирање, а потоа и го турна судијата.
Заради двата жолти картони Роналдо беше казнет со еден натпревар, а додатни четири поради туркањето на судијата.
„Уште една неразбирлива одлука. Од неправда до неправа, но нема никогаш да ме урнат. Како и секогаш, јас ќе се вратам уште посилен. Им благодарам на сите кои ме поддржаа“, порача Роналдо на „инстаграм“.
Роналдо веќе одработи два натпревари од суспензијата, во реваншот во Суперкупот и против Ла Коруња на стартот од шпанското првенство. Португалецот првиот натпревар во Примера ќе го одигра дури на  20-ти септември, против Бетис, но ќе може да игра во Лигата на шампионите.

Најнови вести