Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2017

Руни го постигна 200-тиот гол, црвени картони и реми на „Етихад роуд“

Двестотиот гол на Вејн Руни, црвени картони и враќањето на Манчестер сити меѓу живите во последен момент го обележаа последниот натпревар од второто коло на Премиер лигата.

Фудбалерите на Манчестер сити и на Евертон одиграа нерешено 1-1. Евертон поведе со голот на Вејн Руни во 35-тата минута по асистенцијата на Доминик Калверт-Левин, кој одлично центрираше од десната страна. Тоа беше јубилеен 200-ти гол на легендарниот англиски напаѓач, од кои повеќето ги постигна во дресот на Манчестер јунајтед.
Сити од 44-тата минута имаше играч помалку бидејќи Кајл Волкер доби жолт картон. Тоа не им помогна на „карамелите“ бидејќи Сити во второто полувреме имаше теренска иницијатива, која на крајот ја искористи во 82-рата минута.
Мејсон Холгејт лошо ја исфрли топката, која подготвено ја дочека често оспоруваниот Рахим Стерлинг, кој ја фати волеј на пенал и го матираше Џордан Пикфорд. За силите до крајот на натпреварот да бидат бројно изедначени, се погрижи Морган Шнедерлен во 88-мата минута, кога доби втор жолт картон.
Манчестер сити и Евертон по два одиграни натпревари имаат по четири бода и го делат четвртото место.

Најнови вести