Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2017

Гриезман пред строга казна и суспензија на четири натпревари

На Антоан Гриезман, напаѓачот на Атлетико Мадрид, му се заканува суспензија од четири натпревари, јавуваат шпанските медиуми.

Францускиот напаѓач во натпреварот против Хирона поради симулирање, доби жолт картон, а на судиската одлука реагираше целосно непримерно, што резултираше со исклучување.
Главниот судија Мартинес Мунуера во официјалниот записник напишал дека Гриезман го навредувал и му рекол дека е г***о, поради што овој веднаш му го покажал патот кон соблекувалната.
Медиумите во Шпанија пишуваат дека Гриезман, еден од најдобрите напаѓачи во Ла лига, би можело да паузира четири натпревари, колку што изнесува максималната казна во овој случај.
Атлетико на гостувањето кај Хирона на стартот на новата сезона на Примера лигата губеше со 2-0, но успеа да стигне до реми, и покрај тоа што беше со играч помалку.

Најнови вести