21.8.2017 Покетино: Тотенхем заслужи повеќе
Менаџерот на Тотенхем Маурисио Покетино изјави дека е разочаран од поразот од Челзи и додаде дека неговите играчи заслужиле повеќе од натпреварот.
„Дали сум фрустриран? Не, разочаран сум, затоа што мислам дека заслуживме повеќе. Нашата игра беше добра“, изјави аргентинскиот стручњак.
Фудбалерите на Челзи го победија Тотенхем на „Вембли“ со 2-1 во натпреварот од второто коло од Премиер лигата.
Тоа беше прв, историски натпревар во Премиер лигата одигран на „Вембли“.
Ова е седми пораз на Тотенхем на најголемиот англиски стадион на 10 натпревари, откако клубот од Северен Лондон на него ги играше европските натпревари и полуфиналето на ФА Купот.
„Не е ’Вембли’ причината поради која го изгубивме натпреварот“, додаде Покетино.