Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2017

Милан сепак пресилен: Шкендија се врати со „шестка“

Шкендија беше преслаба за гигантот Милан, кој со шест гола во мрежата ги испрати фудбалерите на тетовскиот клуб.

Милан уште на синоќешниот натпревар ги реши сите дилеми околу тоа кој ќе се пласира во Лигата на Европа откако со шест погодоци ја испрати Шкендија дома. За тетовскиот клуб ова ќе биде само убава авантура без шанси за напредок во групната фаза.
Македонскиот вицешампион натпреварот го играше конфузно, а тоа одлично го искористи Милан, кој за половина час игра веќе водеше со 3-0. Првиот погодок го постигна Андре Силва во 13-тата минута, во 25-тата Монтоливо го даде вториот гол, а три минути подоцна Португалецот беше прецизен за 3-0.
Во  67-мата минута од средбата на „Сан Сиро“, Борини со неговиот погодок го најави тешкиот пораз за Шкендија, а само по две минути Антонели ја погоди мрежата на нашиот вицешампион за 5-0.
Конечниот резултат го постави Монтоливо со неговиот втор погодок во 85-тата минута.
„Правевме премногу грешки во одбраната, а искусен тим како Милан знаеше како да го искористи тоа и да стигне до убедлива победа. Покрај грешките, бевме многу слаби на психолошки план. Атмосферата и големината на натпреварот најверојатно предизвика страв кај фудбалерите, што беше очигледно на теренот. Пред нас е реваншот во Скопје, на кој мораме да се претставиме во подобро светло. Ќе промениме некои работи за следниот меч, сите ќе го видите тоа. Јас како тренер при доаѓањето најавив дека ќе им дадам шанса на помладите, тоа ќе се случи“ – изјави по натпреварот тренерот на тетовци Ќатип Османи.

Најнови вести