Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2017

Дортмунд без Ширле на стартот на сезоната

Андре Ширле, фудбалерот на Борусија од Дортмунд, ќе го пропушти почетокот на сезоната поради повреда на бутот, соопшти германскиот клуб.

Борусија наведе дека Ширле надвор од теренот ќе биде четири седмици.
Новата сезона во Бундеслигата почнува утре, а Борусија во првото коло гостува кај Волфсбург, некогашниот клуб на Ширле.
Натпреварот на програмата е во сабота, во 15.30 часот.

Најнови вести