Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2017

Матуиди во Торино, за ПСЖ околу 20 милиони евра

Французинот Блез Матуиди е новото засилување на Јувентус.

Сега веќе поранешниот играч на ПСЖ допатува во Торино, каде што ќе ги направи лекарските прегледи и ќе потпише тригодишен договор.
Се претпоставува дека вредноста на трансферот е околу 20 милиони евра, што е одлична работа за „старата дама“, со оглед на играчките квалитети на Французинот.
Матуиди има 30 години, за репрезентацијата на Франција одигра 58 натпревари, а со ПСЖ четири пати ја освои Лига 1.

Најнови вести