Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
08.8.2017

Вест хем доведе Црногорец

Сеад Хакшабановиќ во Вест хем дојде од шведскиот Халмштад за кој дебитираше на 15 години и досега одигра вкупно 70 натпревари.

Црногорскиот фудбалер Сеад Хакшабановиќ потпиша петгодишен договор со Вест хем, соопшти англискиот премиерлигаш.
„Многу сум среќен што сум овде, ова е остварување на соновите, Вест хем е голем клуб. Сè се случи брзо, дознав дека ме сакаат, па ме интересираше да слушнам каков план имаат за мене. По разговорите бев многу задоволен“, изјави осумнаесет годишниот Хакшабановиќ.
Црногорецот играше за репрезентацијата на Шведска во младите категории пред да реши да настапува за Црна Гора за која дебитираше во јуни на натпреварот од квалификациите за Светското првенство против Ерменија.
Вест хем не ги објави деталите на договорот, а британските медиуми известија дека клубот за офанзивниот играч за врска платиле три милиони евра.
Тимот на Славен Билиќ новата сезона во Премиер лигата ја почнува во недела кога му гостува на Манчестер јунајтед.

Најнови вести