Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2017

Шкендија прво ќе игра на „Сан Сиро“, а потоа во Скопје

Шкендија во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на Европа против Милан прво ќе игра во гости на „Сан Сиро“ на 17-ти август, а по седум дена ќе се одигра реваншот на „Телеком Арената“ во Скопје.

УЕФА ја донесе оваа одлука откако на вчерашната ждрепка и Шкендија и Вардар беа извлечени како домаќини на првите средби, па мораше да се направи некоја промена бидејќи „Телеком Арената“ е единствениот стадион што ги задоволува стандардите за оваа фаза од европските натпреварувања.
„Црвено-црните“ од Тетово првиот натпревар од квалификациите на Лигата на Европа ќе го играат на „Сан Сиро“, кој најверојатно ќе биде исполнет до последното место за овој дуел. И за реваншот во Скопје се очекува „Телеком Арената“ да се исполни до последното место и навивачите да му дадат поддршка на вицешампионот на Македонија, но и да го гледаат настапот на новите ѕвезди на Милан.
За Вардар нема да има никакви промени, првиот натпревар со Фенербахче ќе го игра во Скопје на 17-ти август, а реваншот ќе се игра по седум дена во Истанбул.

Најнови вести