Корисничко име Лозинка Пријави се
20.7.2017

Формула 1 дефинитивно го воведува ореолот следната година

Светската автомобилска федерација потврди дека навистина главата на возачите во кокпитот, наречена ореол, ќе биде воведена во Формула 1 наредната година.

Во соопштението на владејачкото тело на Формула 1 се наведува дека ореолот се покажал како генерално најдобра заштита по големиот број тестови во различни уреди во последните пет години.
Тој потег доаѓа по помалку од една седмица, бидејќи во текот на тренингот за Големата награда за Британија беше тестирана проѕирната заштита – штит. Себастијан Фетел, возачот на Ферари, изјави дека му се вртело во главата само по еден круг со таа заштита.
Шефовите на Формула 1 сакаа да го тестираат штитот поради мешаните реакции на тимовите за потенцијалното воведување на ореолот. Меѓутоа, само таа заштита го помина тестот на точката на одбивање при брзини од 240 км/ч, а не го попречува погледот на возачот во кокпитот.
Некои возачи изразија загриженост поради ореолот, кој изгледа како јадец и неговиот главен дел се наоѓа на врвот на кокпитот, а еден дел се наоѓа токму пред главата на возачот. Тие наведоа како естетски, така и други причини, но Светската автомобилска федерација одлучила тоа да го игнорира.
„Ние, возачите, го почитуваме ставот на Светската автомобилска федерација во однос на безбедноста и ја поддржуваме желбата натпреварувањето да се направи побезбедно. Последните децении сведоци сме на сè поголеми брзини, сè побрзи кругови, а тоа единствено е можно поради поголемата безбедност. Како знак на еднаквост, во истиот период, тука е сè поголема и популарноста на нашиот спорт. Формила 1 е пример за сè поголема безбедност, без жртвување на резултатот. И додека ореолот естетски не им е најмил на сите, ние, возачите, ќе го напаѓаме колку што можеме на патеката, бидејќи тоа е клучот за раст на Формула 1 и нејзината популарност“, изјави Александаер Вурц, првиот човек на Асоцијацијата на професионални возачи.
Владејачкото тело на Формула 1 наведе дека до доведувањето на ореолот наредната година ќе бидат направени уште некои модификации. Самото воведување поголема заштита на главата на возачот во Формула 1 е договорено минатата година, но е одложено за 2018 за да се направат дополнителни тестирања.
Овогодишниот шампионат во Формула 1 продолжува со Големата награда на Унгарија, на 30-ти јули.

Најнови вести