Корисничко име Лозинка Пријави се
14.7.2017

Хет-трик на Ибраими за победа на Шкендија

Тимот од Тетово сигурно гази во квалификациите за Лигата на Европа. Националниот вицешампион со одличен резултат (3-1) го совлада Хелсинки на натпреварот кој се играше во Струмица, на стадионот „Младост“.

Ќатип Османи, тренерот на Шкендија, и по победата жали за примениот гол.
„Победивме, но останува разочарувањето што примивме наивен гол. Мислам дека заслужуваме и поубедлива победа. За начинот на којшто го одиграа овој натпревар по непосакуваното водство на гостите, мора да им се честита на моите фудбалери. На реваншот ќе мора да одиграме уште подобро за да дојдеме до посакуваната цел“, изјави Османи.
Шкендија во Финска ја очекуваат температури од 15 степени и натпревар на вештачка трева, што преставува дополнителен предизвик за тетовчани.

Најнови вести