Корисничко име Лозинка Пријави се
13.7.2017

Градоначалникот на Лондон ја сака трката во Формула 1 во градот

Сопствениците на патеката „Силверстон“ во Велика Британија во вторникот, на 11-ти јули, ја активираа клаузулата и го раскинаа договорот со Формула 1, па трката на таа патека во 2019 година ќе биде последна.

Садик Кан, градоначалникот на Лондон, изјави дека сака трката во Формула 1 да се организира во главниот град.
Сопствениците на патеката „Силверстон“ во Велика Британија во вторникот, на 11-ти јули, ја активираа клаузулата и го раскинаа договорот со Формула 1, па трката на таа патека во 2019 година ќе биде последна. Тие тоа го направиле поради преголемите трошоци, а одлуката би можеле да ја променат ако постигнат договор со новите сопственици на Формула 1.
Садик Кан, градоначалникот на Лондон, е заинтересиран трката да се организира во Лондон.
„Ако луѓето од Формула 1 сакаат да разговараат со мене, ќе ми биде мило да ги сослушам. Мојата амбиција е Лондон да продолжи да биде спортски главен град на светот. Има пречки кои мораме да ги совладаме, но исклучително сум заинтересиран во иднина Лондон да биде домаќин на трката во Формула 1“, изјави Кан.
Наредната трка во шампионатот на Формула 1 ќе се вози во недела, за Големата награда на Велика Британија во Силверстон. Во рамките на промоцијата на таа трка синоќа на централните лондонски улици се возеа големите ѕвезди на Формула 1 во своите болиди.
Учествуваа Валтери Ботас од Мерцедес, Себастијан Фетел од Ферари и многу други, но го немаше домашниот возач Луис Хамилтон.

Најнови вести