Корисничко име Лозинка Пријави се
12.7.2017

Сопствениците на „Силверстон“ го раскинаа договорот со Формула 1

Сопствениците на патеката „Силверстон“ во Велика Британија ја активираа клаузулата и го раскинаа договорот со Формула 1, па трката на таа патека во 2019 година ќе биде последна, ако не се постигне договор со новите сопственици на натпреварувањето.

Сопствениците на патеката, Здружението на професионалните возачи на Велика Британија (БРДЦ), соопштија дека по 2019 година трката на Формула 1 нема да биде организирана на „Силверстон“ сè додека новите сопственици на Формула 1, „Либерти груп“, не го намали надоместокот за организација на трката.
БРДЦ соопшти дека во 2015 година изгубило 2,8 милиони фунти, што сега е околу 3,5 милиони, а дека минатата година загубата била 4,8 милиони фунти.
Годишниот надоместок за трката во 2015 година изнесувал 11,5 милиони фунти, а минатата година бил зголемен на 16,2 милиони.
Организаторите наведоа дека до последната година од договорот, 2026, надоместокот ќе скокне на 25 милиони. „Силверстон“ е домаќин на трката на Формула 1 од 1987 година.
„Ова веќе не е финансиски одржливо... Според сегашните услови“, се наведува во соопштението на БРДЦ.

Најнови вести