Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2017

Лаказет во Арсенал за 52 милиони евра

Францускиот напаѓач Александр Лаказет ќе прејде од Олимпик Лион во Арсенал за 52 милиони евра, пренесоа англиските медиуми.

Арсенал и Лион го договориле трансферот, а Лаказет во текот на неделата треба да ги мине лекарските прегледи и да потпише петгодишен договор со „топчиите“.
Лаказет има 26 години и постигна најмалку 20 голови во секоја од последните три сезони во француската Лига 1, а со неговото доаѓање Арсенал ќе го собори сопствениот трансфер рекорд кој досега го држеше Месут Озил со 48 милиони евра.
Минатите седмици се шпекулираше дека Лион за Лаказет бара најмалку 65 милиони евра, но постигнат е договор за помал износ со додатни бонуси од седум милиони евра.
Венгер неодамна изјави дека планира да го задржи искусниот Оливие Жиру, па доаѓањето на Лаказет најверојатно ќе значи заминување на Шпанецот Лукас Перес, кој дојде минатото лето, но постигна само еден гол на 11 натпревари во Премиер лигата.

Најнови вести