Корисничко име Лозинка Пријави се
28.6.2017

Ернандез од Атлетико во Реал: Сонот ми се оствари

Во последните неколку седмици се зборува за трансфер на Тео Ернандез од Атлетико Мадрид во екипата на градскиот ривал – Реал.

Шпанската „Марка“ јавува дека Кралскиот клуб ќе ја активира клаузулата во договорот на Ернандез, кој трае до 2019 година, а сумата која ќе му ја плати на Атлетико како оштета изнесува 26 милиони евра. 
Но, официјална потврда  од играчот и од клубовите сè уште нема.
„Се радувам на сè што носи со себе следната сезона и на тоа што ќе играм со најдобрите играчи на светот. Морам да продолжам да работам и да се борам“, изјави Ерандез и додаде дека од мал сонувал за тоа да заигра за Реал.
Младинскиот репрезентативец на Франција во првата седмица на јули би требало официјално да биде претставен на „Сантијаго Бернабеу“.
„Моментно сме во преговори и верувам дека ќе биде постигнат договор“, изјави Флорентино Перес, претседателот на Реал.
Покрај 19-годишниот Ернандес, уште еден млад играч би требало да ѝ се придружи на екипата – Дани Себалјос од Бетис, кој моментно се наоѓа на Европското првенство за играчи до 21 година.
Себалјос со договор за клубот од Севилја е врзан до 2020 година, а клаузулата која му овозможува предвреме да го напушти клубот вреди 15 милиони евра.
„Ас“ јавува дека 20-годишниот фудбалер би требало да потпише договор оваа седмица, по што веројатно ќе биде испратен на заем.

Најнови вести