Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2017

Титула или отказ за Гвардиола во Сити

Каталонецот во Сити стигна минатото лето, а во првата сезона не успеа да ги повтори резултатите коишто ги оствари во Баерн Минхен и во Барселона.

Сити не освои ниту еден трофеј, па сега Гвардиола е под голем притисок.
„Апсолутно е неопходно да се освои титулата следната сезона, не можеме повторно да му препуштиме на Челзи да биде шампион. Ако не освоиме ништо, тогаш Гвардиола не може да остане“, изјави Галагер и додаде дека веќе не е важно дали клубот ќе заврши пред Јунајтед.
„Го надминавме тоа. Мораме да ја освоиме титулата и мораме да бидеме добри во Лигата на шампионите“, додаде најголемиот навивач на Манчестер сити, фронтменот на Оејзис, Лиам Галагер.
Сити минатата сезона ја заврши на третото, а Јунајтед на шестото место, но клубот од „Олд Трафорд“ освои три трофеи.

 

Најнови вести