Корисничко име Лозинка Пријави се
24.6.2017

Лима го потврди трансферот во Барселона

Лукас Лима, играчот за врска на Сантос, ги потврди наводите на медиумите дека во јануари ќе стане играч на Барселона.

На Лима договорот со Сантос му истекува на крајот на годината, по завршувањето на сезоната во Бразил.
Тој со Каталонците ќе потпише петгодишен договор вреден четири милиони евра по сезона.
Сантос се жалеше дека Барселона го контактирала играчот без дозвола на клубот пред да има право на тоа (први јули) во согласност со прописите на ФИФА.
Лима јавно потврди дека договорил соработка со шпанскиот гигант.
Тој настапи 14 пати за репрезентацијата на Бразил, а се шпекулира дека го следат Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Шпанските медиуми пред неколку дена наведоа дека за неговото доаѓање на „Камп ноу“ ургирал Нејмар да Силва, чиј татко го застапува Лима во преговорите со Барса.
„Ние сме среќни за него бидејќи е одличен играч, репрезентативец. Многу му помагаше на Сантос. Ќе биде многу среќен во тимот во којшто оди. Ни недостасува, но животот оди понатаму, му посакуваме многу среќа во Барселона“, изјави Бруно Енрике, соиграчот на Лима од Сантос, за бразилскиот ЕСПН.

Најнови вести